Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

(ВИДЕО) Додека детската болница Козле и Водно остануваат без вода, жител на Црешево си го полнел бунарот од јавниот водовод! Казнет е со 200 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Скопје
bunar

Додека болницата за деца со респираторни заболувања во Козле е без капка вода, а жителите на Водно, Ченто, Маџари и Железара се справуваат со рестрикции и часови без водоснабдување – еден жител на Црешево бил затекнат како полни личен бунар со вода од јавниот водоводен систем.

Инспекциските служби на Општина Гази Баба му издадоа прекршочна казна во висина од 200 евра – прва санкција за злоупотреба на вода во услови на сериозна водоснабдителна криза.

— реклама —

Во продолжение го пренесуваме целосниот пост на градоначалникот Бобан Стефковски, кој најави засилени контроли и повика на итна реакција од надлежните институции.

— реклама —

Фатени и санкционирани граѓани кои ја злоупотребуваат водата!

— реклама —

Секторот за инспекција при Општина Гази Баба продолжува со вонредни инспекциски контроли во населените места Црешево, Булачани, Раштак и Смилковци, со цел да се спречи злоупотребата на водоводниот систем и да се заштитат граѓаните.

Во текот на денешниот ден, инспекциските служби на терен фатија и санкционираа:

Лицето Т.К. од Црешево беше затекнато како полни сопствен бунар со вода од јавниот водоводен систем. На лицето му е издаден прекршочен налог во висина од 200 евра.

о населеното место Раштак беа откриени два диви приклучоци на системот. Истите веднаш беа санкционирани и исклучени од водоснабдување.

нспекцијата ќе продолжи со засилени вонредни контроли и во наредните денови.

Како градоначалник, нема да дозволам граѓаните да страдаат поради постапките на поединци! Ќе преземам сè што е во моја надлежност.

Воедно, апелирам и барам ЈП „Водовод и канализација“ и Град Скопје да постапат во рамките на своите надлежности и итно да преземат мерки, со цел жителите на Автокоманда, Ченто, Маџари, Железара и Хиподром да не останат без вода во летните месеци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања