Дефект во Карпош: Утре од 9 часот без вода дел од Његошева
Дел од корисниците на улицата „Његошева“ во Општина Карпош утре, 7 октомври (среда), ќе останат без вода поради уличен водоводен дефект.Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека дефектот е на водоводна цевка со профил Ф-100 милиметри, на улицата „Његошева“ број 15.Прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до целосно отстранување на дефектот.
Скопје | пред 2 седмици