Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Водовод Скопје со акција: Плаќање долгови без камата до 5 јуни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Скопје
media-libraryeqmlbmv0tkm0ed3mRIH

ЈП Водовод и канализација – Скопје започнува акција за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата, информираат од претпријатието.

Акцијата ќе трае од 20 април до 5 јуни 2026 година, период во кој граѓаните ќе можат да ги подмират долговите за потрошена вода, и тужени и редовни, на рати и без дополнителни трошоци за камата за задоцнето плаќање.

— реклама —

Од претпријатието ги повикуваат сите корисници со заостанати обврски да ја искористат оваа можност и да ги регулираат долговите под поволни услови.

— реклама —

Акцијата, сепак, не се однесува на органите на државната и локалната власт, како и на институции од јавен интерес, вклучително агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од државата или општините.

— реклама —

По истекот на рокот, односно по 5 јуни, одлуката престанува да важи.

За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во Дежурно-информативниот центар на телефон 02 3073 010 или во Дирекцијата на 02 3240 300, како и преку електронската пошта kontakt@vodovod-skopje.com.mk или веб-страницата на претпријатието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library55r141dsruck4NF1hnc

Голем дел од Скопје вечерва без вода или со слаб притисок поради дефект во Влае

Скопје | пред 6 месеци

— реклама —
bunar

(ВИДЕО) Додека детската болница Козле и Водно остануваат без вода, жител на Црешево си го полнел бунарот од јавниот водовод! Казнет е со 200 евра

Скопје | пред 9 месеци

Screenshot-2025-01-03-154439

Шалтерите на „Водовод“ ќе работат в понеделник до 15:30 часот

Скопје | пред 1 година

voda-2

Потврдена безбедноста на водата за пиење во Скопје

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања