Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Доналд Трамп: „Не ме загрижуваат воени злосторства“ – нови закани кон Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-libraryr05q2iu8g0lnaP5iM8w

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „воопшто не е загрижен“ за можноста неговите закани за напади врз иранска инфраструктура да се сметаат за воени злосторства.

Одговарајќи на прашање од новинар на The New York Times дали нападите врз електрани и мостови би можеле да претставуваат кршење на меѓународното право, Трамп категорично ја отфрли таа можност.

— реклама —

„Не, не, не... не ме загрижува тоа нималку. Се надевам дека нема да морам да го направам тоа“, изјави Трамп.

— реклама —

Во текот на разговорот, тој повеќепати го нападна новинарот и медиумот, нарекувајќи го „пропаднат“ и обвинувајќи го за губење кредибилитет, додека ја бранеше својата политика кон Иран.

Трамп повтори дека САД нема да дозволат Иран да развие нуклеарно оружје, оценувајќи дека иранското раководство не смее да добие таква моќ.

— реклама —

Претходно, тој се закани дека ќе уништи дел од иранската инфраструктура, вклучително електрани и мостови, доколку Техеран не го отвори Ормутски теснец во дадениот рок.

— реклама —

Овие изјави веќе предизвикаа реакции од експерти и политичари, кои предупредуваат дека напади врз цивилна инфраструктура може да се сметаат за прекршување на меѓународното хуманитарно право и да доведат до сериозни последици за цивилното население.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library7sd7l1ft0puv5KUV65e

Иран ги засилува нападите во Ормускиот Теснец, погодени три танкери

Свет | пред 11 час

— реклама —
media-library06go5cls328ccyseqYv

Иран со јасна порака: „Попуштањето пред противникот не е начин да се стави крај на војната“

Свет | пред 15 часа

tramp-iran

Иран му постави „црвени линии“ на Трамп: Подготвен е за договор, но бара гаранции

Свет | пред 1 ден

media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Нов бран напади на Блискиот Исток: Иран ги гаѓа американските бази, САД возвратија со напад

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања