„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Дpaма во Шутка намepно го удриле со автомобил – Потоа го пpeтeпале со бeзбол пaлкa

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
sutka

Вистинска драма се случуваше доцна синоќа во населбата Шуто Оризари во близина на полициската станица откако неколку лицаа вооружени со безбол палки намерно предизвикале сообраќајна несреќа и демолираа ново Ауди. Имено околу 23 часот пред полноќ неколку лица намерно се забиле во автомобил на гастербајтер од Германија во Шутка кој управувал со автомобил марка Ауди за да го сопрат автомобилот. Потоа група од 10-тина до 15 лица физички го нападнале возачот на автомобилот и неговиот сопатник близок роднина, објави инфомакс.

— реклама —

Напаѓачите откако физички ги нападнале патниците од Аудиот со безбол палки дополнително го демолирале удреното возило, а сето тоа го пренесувале во живо на социјалната мрежа Фејсбук.

Имено напаѓачите како што се гледа на видеото извадија безбол палки и удрија по автомобилот на другиот учесник во несреќата. Физичкиот напад и демолирањето на автомобилот дознаваме дека траело повеќе од 20-тина минути.

— реклама —

На крајот од видеото кое се шири на социјалните мрежи се слуша дека пристигнува полицијата, а присутните се даваат во бегство.

Од наши извори дознаваме дека се работи за група блиска до актуелниот градоначалник на Шуто Оризари од редовите на СДСМ, Курто Дудуш.

Текстот во целост на: Инфомакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања