Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

(Видео) Драчево блескаше со Каролина, Сузана, Миле, Огнен и Бојана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
0

Втората фестивалска вечер на Културното лето 2025 на Општина Кисела Вода, што се одржа синоќа во Драчево, беше вистински музички спектакл кој долго ќе се памети. Под слоганот „Сѐ на свое место“, манифестацијата донесе вечер исполнета со македонска традиција, емоции и настапи на врвни уметници.

— реклама —

Вечерта започна со настап на КУД „Китка“ од Драчево, кои преку традиционални ора и песни ја оживеаја македонската културна ризница. Веднаш потоа, публиката имаше можност да ужива во хитовите на етаблираните македонски пејачи: Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Огнен Здравковски и Бојана Скендеровски.

Кулминацијата на вечерта беше двочасовниот концерт на Каролина Гочева. Таа исполни нејзини најголеми хитови, водеше низ низа емоции и остави силен впечаток со својот професионализам и блискост со публиката. Аплаузите не престануваа, а насмевките на лицата беа најголемата потврда за успехот на вечерта.

— реклама —

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, по концертот изјави: „Од срце ви благодарам за масовната посетеност, неверојатната енергија и незаборавната забава! Сцената блескаше, вие, мои сограѓани уште повеќе. Ова беше повеќе од концерт – беше вистински спектакл. Горд сум што конечно сѐ е на свое место.“

Културното лето продолжува и вечерва. Настанот се сели во Расадник, каде од 20:30 часот ќе настапат Некст Тајм, 2Бона и Слаткаристика – уште една вечер што ветува музика, енергија и многу публика.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања