Драматични сцени го одбележаа тенискиот турнир во Мемфис, каде што првата носителка Екатерина Александрова беше принудена да го предаде мечот против 16-годишната сонародничка Кристина Лјутова, откако колабираше поради екстремните горештини.
Во моментот на прекинот резултатот беше 7:6, 4:6, 5:4 во корист на Лјутова. Натпреварот се играше на температура од околу 34 Целзиусови степени и веќе беше во третиот час.
Александрова, која е 19. тенисерка на ВТА-листата, во текот на третиот сет беше видно исцрпена и едвај стоеше на нозе. Таа доби и опомена за одолговлекување при сервис, пред неколку моменти подоцна да се сруши на теренот.
По укажаната лекарска помош успеа да стане, но немаше сили да го продолжи мечот и официјално го предаде.
За 16-годишната Лјутова ова е најголемата победа во досегашната кариера и прва на ВТА-турнирите. Откако стана јасно дека Александрова нема да може да продолжи, младата Русинка не можеше да ги сокрие емоциите и се расплака од среќа.