Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Двајца туристи и куче спасени во Хрватска по силната бура

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryth09r0s9d3eg6be1OSQ
screenshot facebook

Во Хрватска, двајца странски туристи и нивното куче беа спасени во ноќна акција на крајбрежната служба, откако силната бура ги однела далеку од брегот кај Башко Поље, во близина на Макарска.

— реклама —

Дојавата била примена околу 23:15 часот, кога било пријавено дека две лица во гумен чамец, на околу 1,5 километри од брегот, не можат да се вратат на копно поради силниот ветер и брановите.

— реклама —
— реклама —

Спасувачките екипи испловиле веднаш, а потрагата се одвивала во исклучително тешки услови – во целосен мрак, со бранови високи речиси два метра и многу слаба видливост.

По околу половина час, туристите биле пронајдени заедно со кучето на SUP-доска, на околу еден километар од светилникот Лашќатна на островот Брач. Сите тројца биле безбедно извлечени и околу 00:30 часот предадени на Итната медицинска помош на пристаништето во Макарска.

— реклама —

По успешно завршената акција, спасувачите упатија апел до туристите да не ја потценуваат силата на бурата, нагласувајќи дека таквите временски услови можат да бидат исклучително опасни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

traktor

Хрват со трактор поминал преку бомба, поминал без повреди

Свет | пред 6 часа

— реклама —
zagreb-ubistvo-policija

Албански државјанин уапсен во Загреб, осомничен за помагање во убиството на припадник на кавачкиот клан

Свет | пред 10 часа

media-libraryf2hpfu66bj759GnL39E

Силно невреме во Хрватска: Оштетени куќи, откорнати дрвја и уништени објекти

Балкан | пред 1 ден

media-librarya2k1kqfrs35633YwtWr

Голема промена за возачите во Хрватска: Ако удрите дивеч на патот, штетата може да ја платите сами

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања