Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Двајца загинаа во пожарите на Саламис: Стотици евакуирани, огнот остави пустош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Настани
media-librarylv26j4tchi4t74mZPi1

Големите пожари што во неделата избувнаа на грчкиот остров Саламис, во близина на Атина, однесоа два човечки животи и предизвикаа сериозна материјална штета. Околу 500 лица беа евакуирани откако речиси истовремено избувнаа два пожара во областите Перистери и Селини.

Телата на двете жртви биле пронајдени во Перистери. Силниот ветер придонел огнот за само неколку минути да се прошири кон населените места, по што властите испратиле итни предупредувања до населението да ги напушти загрозените подрачја.

— реклама —
— реклама —

Утрово пожарниот фронт во Перистерија е стабилизиран, но пожарникарите и натаму се распоредени на повеќе локации и се во состојба на готовност поради опасноста од повторно разгорување на огнот, објави EPT News.

Според „Катимерини“, во пожарот биле повредени 10 лица, а 502 жители биле евакуирани од крајбрежните области Сатерли и Колонес.

— реклама —
— реклама —

Пожарот предизвикал сериозни оштетувања на објектите во Перистерија. На дел од местата останале само изгорени конструкции, поради што било тешко да се утврди дали станувало збор за станбени или деловни објекти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 1 ден

— реклама —
tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 2 дена

media-libraryiel13u9qn44b5PMTzid

Необична „роденденска честитка“ за грчкиот министер: Хакери нарачале 150 поршеа и 50 мерцедеси

Балкан | пред 4 дена

police_457542992-1-1021x580

Голема полициска акција во Грција: Криумчареле над 500 мигранти и заработиле најмалку 750.000 евра

Балкан | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања