„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Двегодишно дете се бори за живот на Клинички, има повреда на главата за која постои сомнеж дека е од оружје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Настани
media-librarytjeq14861dhc957FZdx

Двегодишно дете е примено на лекување на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар, откако било тешко повредено со огнено оружје. Детето се наоѓа во животозагрозувачка состојба и е сместено на одделението за интензивна нега.

— реклама —

Според првичните информации, станува збор за прострелна рана во пределот на главата, при што лекарите констатирале присуство на метален фрагмент. Засега не е со сигурност утврдено како точно настанала повредата, а надлежните институции разгледуваат повеќе можни сценарија.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека случајот е под истрага.

— реклама —

„Тешко телесно е повредено детенце од две години, кое е во животозагрозувачка состојба. Станува збор за метален фрагмент, но во овој момент не можеме со сигурност да кажеме како точно дошло до повредата. Постојат повеќе теории за настанот и штом бидат утврдени причините, јавноста ќе биде информирана“, изјави Тошковски.

За инцидентот засега нема официјални информации за местото и околностите под кои настанал, ниту се соопштуваат лични податоци за детето.

Овој случај е само еден од низата тешки инциденти што ја одбележаа бурната новогодишна ноќ, по која хируршките оддели во Скопје беа преполни со тешко повредени пациенти.

Во критична состојба е и 30-годишен маж, пронајден во реонот на Буњаковец по пад од висина. Тој веднаш бил подложен на итна хируршка интервенција поради сериозни повреди на ’рбетот.

Меѓу потешките случаи што биле згрижени на хируршките клиники се и 17-годишна девојка од Тетово, која итно била оперирана по тешка сообраќајна несреќа, како и уште еден пациент со прострелна рана во пределот на лактот, регистриран во Прилеп.

Покрај повредите од огнено оружје и физичко насилство, сериозен број повреди биле предизвикани и од употреба на пиротехнички средства. Според болничките податоци, дури 20 лица биле повредени од петарди, меѓу кои две деца на возраст од 12 и 13 години, како и 69-годишен маж со тешки повреди на дланката.

Здравствените и безбедносните служби и натаму апелираат на одговорно однесување и строга контрола на употребата на оружје и пиротехника, особено во периоди на масовни прослави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања