Скопјанката Андријана Петрушовска (22), вчера настапи на регионалното шоу „Sвездите на Гранд“ со песните „Нека те боли“ од Лина Пејовска и „Dal ona zna“ од Емина Јаховиќ.
Таа освои 5 гласови од жирито и се пласираше во наредниот круг.
Пејачката Вики Миљковиќ изјави дека нема ниту една замерка како и дека и се допаѓа репертоарот кој го избрала.
„Андријана беше попрецизна, јасна и мене ми се допадна“, додаде Босанац.
„Тоа што ние го бараме во Ѕвездите на Гранд, тоа си ти“, рече Мили.
Нејзиниот ментор Џорџ изјави дека не е задоволен од нејзиниот настап.
„Јас лично не сум задоволен, а знам дека не си ни ти, затоа што ова не си ти. Не знам што ти се случи, поготово во првата песна. Мене тоа не ме интересира и нема да ти го опростам. Не можеш мене да ме фаулираш и себе на овој начин. Собери се! Имаме бараж, нема да се потам околу некој што ми е во глава и на пробите број еден. Ова не смее да ни се случи! - рече рокерот.
На ова реагираа колегите од жирито.
- Зошто и викаш? Убаво може да се каже... – реагираше Саша Поповиќ, а во одбрана на натпреварувачот застана и Светлана Цеца Ражнатовиќ, која му замери на Џорџ на начинот на кој и се обрати на Андријана.
Настапот можете да го погледнете на 2:00:59