Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Едно лице загина, 10 се повредени во украински напад со дронови врз Краснодарската област

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarybdm1cvl6425l96ayuLy
screenshot

Ноќниот напад со беспилотни летала врз Краснодарската област во Русија однесе еден човечки живот, а уште десет лица се повредени, соопшти гувернерот на регионот, Венијамин Кондратиев.

— реклама —

Според неговите информации, во Армавир делови од соборен дрон паднале врз производствен објект, при што животот го загубил еден вработен. Во меѓувреме, при нападот врз магацински комплекс во Краснодар, биле повредени десет лица.

Тројца од повредените се наоѓаат во тешка здравствена состојба, едно лице има повреди со средна тежина и се лекува во болница, додека останатите шестмина добиле медицинска помош на местото на настанот.

— реклама —

Локалните власти информираа дека пожарникарските и другите надлежни служби продолжуваат со расчистување на последиците од нападот и гаснење на пожарите што избувнале.

— реклама —

Претходно беше соопштено дека нападите предизвикале пожар во магацински комплекс во Краснодар, како и во нафтен објект во Армавир, каде што огнот зафатил површина од околу 800 квадратни метри.

Нападите се дел од серијата украински акции насочени кон логистички и индустриски капацитети на руска територија, чија цел, според достапните информации, е да се намалат руските воени и транспортни можности. Во последните денови, по нападите во Краснодар и Невиномиск, на удар се нашла и инфраструктурата на компанијата „Вајлдберис“, рускиот еквивалент на „Амазон“, која четврти пат е цел на ваков напад.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

kisev

(Видео) Руски ракетен напад врз Киев: Едно лице загина, десетмина се повредени

Свет | пред 10 часа

— реклама —
media-library9361j74v29b76UxTKKr

Русија ја обвини Украина за засилени напади врз нуклеарната централа Запорожје

Свет | пред 21 час

media-libraryi0npvirn2uac5Zfvu94

Романија открила мрежа за саботажи за која тврди дека ја координира Русија

Свет | пред 22 часа

media-libraryun9tb9jchivtaakxn0Q

Москва испрати порака до новите власти во Србија: Сакаме да ја продолжиме соработката

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања