„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Ексклузивно: Познато зад кого ќе стои Црвенковски на локалните избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
cingo

Независната кандидатска листа за локалните избори „ОХРИД ПРЕД СЕ“, официјално започна со работа на 19.05.2021год. Тие како што велат од Иницијативниот одбор, основната цел на оваа граѓанска иницијатива останува активното и масовно учество на граѓаните, со тоа што нивните  предлози се дел од изборната програма за персонализација на изборната листа. Основна цел како што велат е Советот на општината да го претворат во место каде граѓаните реално ќе ги решаваат своите локални проблеми и совет кој нема да биде продолжена рака на градоначалникот и партијата на власт.

— реклама —

На шпекулациите од јавноста изминатиов период дали поранешниот Претседател Бранко Црвенковски застана зад независната листа  „ОХРИД ПРЕД СЕ“, адвокатот Владо Чингоски признава:

„Ќе бидам искрен. На почетокот беше само наша иницијатива, која потекна од поединци, за да може целосно да функционира советот, да го вратиме дигнитетот на Советот. После извесно време имавме и некои контакти од други политичари, не конкретно со господинот Црвенковски, кои ни ја дадоа поддршката, за на крај да имаме поддршка и од екс претседателот Бранко Црвенковски.Но таа поддршка е во рамките на неговите можности, повеќе е вербална, отколку било каква друга. Јас имав една средба со господинот Црвенковски, кога му ја образложив нашата програма. Разговаравме многу, особено околу работата на локалната самоуправа. Му објаснивме се и ја имаме неговата поддршка. Ова е вербална поддршка, но нас ни значи многу. Не само неговото име со кое застана зад оваа иницијатива, туку и од многу други политичари. Поддршка добивме затоа што објаснавме дека не сме за задоволување на лични интереси, туку бараме луѓе кои ќе го претставуваат Охрид“, вели Чингоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања