Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Експлозии и пожар по напади со дронови врз руски рафинерии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
media-libraryssab59jq7gv13DjUjOn
Screenshot: X

Украинските сили во текот на ноќта со дронови нападнаа рафинерии во Саратовската и Самарската област во Русија, пренесуваат руски „Телеграм“ канали повикувајќи се на изјави на жители. Нападите доаѓаат во момент кога Киев ја интензивира кампањата против руската нафтена и гасна инфраструктура.

Во градот Саратов, дрон погодил нафтена рафинерија на периферијата, предизвикувајќи силна експлозија. На социјалните мрежи се појавија снимки и фотографии од голем пожар кој бил видлив и од центарот на градот. Според украинската армија, оваа рафинерија учествува со 2,54% од вкупниот капацитет за преработка на нафта во Русија.

— реклама —
— реклама —

Гувернерот на Саратовската област, Роман Бусаргин, не го спомна директно нападот врз рафинеријата, но изјави дека дрон погодил станбена зграда во градот, при што едно лице било повредено. Саратов се наоѓа околу 150 километри од границата со Казахстан и речиси 600 километри источно од линијата на фронтот во Украина.

— реклама —

Во Самарската област, пак, украински дронови погодиле рафинерија во градот Новокујбишевск, кој се наоѓа повеќе од 900 километри од руско-украинската граница. Жители пријавиле голем пожар во близина на градот, но засега нема информации за точниот степен на штетата.

— реклама —

Украинците тврдат дека погодиле и производствено-отпремна станица на Самарската линија (ЛПДС), каде што се меша сурова нафта со различен процент на сулфур за да се добие извозната „Уралс“ нафта.

Руската авијациска управа во текот на ноќта соопшти дека привремено бил прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Самара поради нападите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryage971jd357l6uyNUBZ

Жена во Русија прогласена за мртва, два часа подоцна ја откриле жива во мртовечница – лекарот уапсен

Свет | пред 13 часа

— реклама —
media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Путин наводно прифатил безбедносни гаранции за Украина по примерот на членот 5 на НАТО, но поставил услов

Свет | пред 16 часа

media-libraryuidl2tpvr50v4M7V5Sd

Русија губи повеќе војници отколку што регрутира: До 35.000 жртви месечно, тврди американски дипломат

Свет | пред 1 ден

media-librarysq4e7q9pfq8tbS0EOWO

Како се готви во вселената? Русија подготвува необична книга со рецепти

Магазин | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања