Промени тема
Контакт

(Видео) Експлозии и воени авиони над Каракас, Венецуела прогласи состојба на надворешна закана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-library9s2cs3tla49q45kdbkR

Рано утринава во венецуелската престолнина Каракас биле слушнати звуци од воени авиони и повеќе експлозии, додека над делови од градот бил видлив густ столб од чад, јавуваат светските новински агенции. Во јужниот дел на градот, во близина на голема воена база, било регистрирано и прекинување на електричната енергија. Засега не се познати точните локации и причините за експлозиите.

Видеоснимки што кружат на социјалните мрежи прикажуваат повеќе детонации на различни локации низ Каракас, што дополнително ја засили загриженоста кај населението. Настаните се случуваат во период кога Соединетите Американски Држави неодамна распоредија значајни воени сили во регионот, вклучително и носач на авиони, воени бродови и напредни борбени авиони.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно најави „блокада“ на венецуелската нафта, воведе дополнителни санкции и одобри низа операции против пловила за кои Вашингтон тврди дека се вмешани во трговија со дрога во Тихиот океан и Карипското Море. Минатата недела Трамп изјави дека САД извршиле напад врз пристаниште во Венецуела каде, според американските информации, бродови биле користени за товарење дрога, што претставува прв познат удар на копно од почетокот на кампањата за зголемен притисок врз Каракас.

По утринските настани, венецуелската влада соопшти дека „одлучно ја отфрла и осудува“ она што го нарече американска „воена агресија“. Во официјалната изјава, властите во Каракас ги обвинија Соединетите Држави дека се обидуваат да ги преземат стратешките ресурси на Венецуела, пред сè нафтата и минералите, со цел насилно да ја поткопаат политичката независност на земјата.

— реклама —

„Оваа агресија претставува сериозна закана за меѓународниот мир и стабилност, особено во Латинска Америка и Карибите, и директно ги доведува во опасност животите на милиони луѓе“, се наведува во соопштението на венецуелската влада.

Претседателот Николас Мадуро прогласи „состојба на надворешна закана на целата национална територија“, со образложение дека мерката е неопходна за заштита на населението, непречено функционирање на државните институции и, како што наведе, подготвеност за вооружен отпор.

„Целата земја мора да се мобилизира за да ја порази оваа империјалистичка агресија“, порача Мадуро, повикувајќи на национално единство во услови на ескалација на тензиите.

— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5

Расте бројот на жртвите во Венецуела: Потврдени 6.509 загинати

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryaj094p453jfhfUnbeir

Венецуела бара од Британија враќање на 31 тон злато вредно 4 милијарди долари

Свет | пред 3 седмици

media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5

Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 6.301

Свет | пред 1 месец

media-libraryt8lqh37rnlsn1c1jf3L

Бројот на жртви од разорните земјотреси во Венецуела се искачи на 6.125

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања