(Видео) Експлозија во вилата на Здравко Чолиќ: семејството било дома, оштетени фасадата и оградата на куќата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 23 часа -

Магазин
media-library3tpmrb9nksv7cs1DLWH

На семејната куќа на познатиот пејач Здравко Чолиќ на Дедиње ноќеска е фрлена експлозивна направа.

— реклама —

Според информации од Telegraf и Blic, во моментот на експлозијата во вилата биле Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара, а сите спиеле кога страшниот звук ги разбудил. Старaта ќерка, Уна, тогаш не била дома.

— реклама —
— реклама —

Увидот на местото на настанот сè уште трае, а го раководи јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство во Белград. Полицијата ја блокираше улицата, додека форензичарите се обидуваат да изолираат ДНК трагови од остатоците на експлозивната направа.

Во моментов се симнуваат снимки од сите безбедносни камери на вилата, како и од соседните објекти на Дедиње. Се верува дека напаѓачот имал помагач кој го чекал во возило на некоја од соседните улици.

„Ова е директен напад на имотот, но имајќи предвид дека целото семејство било внатре, среќа е што никој не е повреден. Штетата на автомобилите и објектот е огромна, но човечките животи беа најзагрозени“, изјави извор близок до истрагата.

Комшиите известуваат дека се слушнала „страшна детонација“ која ги вознемирила.

Комшиите велат дека експлозијата била толку силна што алармните системи на возилата низ целата улица се активирале

Вилата има голем двор со две порти и високи мерки за безбедност. Експлозијата предизвикала голема материјална штета.

Според неофицијални информации на „Blic“, пријавени се оштетувања на фасадата и оградата на куќата на Дедиње, како и помали оштетувања на стаклото на паркираното возило.

Чолиќ и неговото семејство се вселија во оваа вила пред околу година и пол, откако ја продале недвижнината на Коштуњак. Вилата била продадена за околу еден милион евра, а пејачот се вратил на Дедиње, каде живеел порано.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zdravko-colic-koncert

Полицијата дојде до снимките од нападот на куќата на Здравко Чолиќ: Камерите ги уловија напаѓачите

Магазин | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања