На вечерашниот натпревар меѓу Вардар и Пелистер, „Комитите“ ја искористија приликата да испратат силна и емотивна порака. На трибината, навивачката група развеа голем транспарент со натпис:
„Прости ми моја најмила, сега јас сум ѕвезда деница. Карпалак, 08.08.2021“
Со овој гест, навивачите на Вардар оддадоа почит на загинатите македонски бранители кај Карпалак, потсетувајќи дека спортот е и место за сеќавање и благодарност.
Трибината, во комбинација со црвено-црните знамиња, создаде моќна слика што ги надмина рамките на фудбалот и се претвори во момент на национално сеќавање.