Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Ескалација во Србија: повредени демонстранти, полицајци и новинари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
srbija-haos-n1

Неколку демонстранти и најмалку четворица полицајци беа повредени во вторник навечер во Врбас и Бачка Паланка за време на антивладините протести, откако групи приврзаници на Српската напредна странка (СНС) фрлаа пиротехника, камења, столчиња и шишиња кон насобраните, а во нив бил испукуван и огномет.

Бранoт студентски и граѓански протести во Србија трае веќе девет месеци, поттикнати од трагедијата во Нови Сад, кога загинаа 16 лица. Протестите се одржуваат со барање за одговорност на власта поради корупција и несовесно изведени градежни работи. Синоќешните собирања пред седиштата на СНС во Војводина беа во знак на солидарност со претходно уапсените и повредените демонстранти.

— реклама —

Според извештаите на порталите 021, N1 и снимките на социјалните мрежи, полициски кордон во Врбас и Бачка Паланка ги разделувал демонстрантите од приврзаниците на СНС, но присутните тврдат дека полицијата не ги спречила нападите врз граѓаните. Министерството за внатрешни работи, пак, соопшти дека демонстрантите ги нападнале приврзаниците на СНС и дека четворица полицајци, меѓу кои и заменик-началникот на ПУ Нови Сад, биле повредени.

— реклама —

 

Според новинарите на N1 и „021“, има и повредени демонстранти, а на терен интервенирала Итната медицинска помош. Во Врбас, асистент-снимател на N1 бил погоден со два камена во стомакот и рамото.

— реклама —

Медиумите јавуваат дека нападите во двата града биле координирани, што предизвика студентските организации да повикаат на нови протести, кои во текот на ноќта се одржаа пред локалните седишта на СНС во Нови Сад, Белград и Ниш.

Протестите се одвивале со турканици со полицијата, а неколку лица биле приведени поради „попречување на службено лице“. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои граѓани прашуваат зошто полицијата не интервенирала за да ги заштити демонстрантите во Врбас и Бачка Паланка.

РТС кусо извести за протестите, додека провладините таблоиди ги нарекоа демонстрантите„терористи блокатори“ и „дивјаци“, обвинувајќи ги дека „крвопролевањето им е единствена цел“. Министерството за внатрешни работи најави подетално соопштение во текот на денот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

operacija

Историски успех на српските неврохирурзи: Првпат применета нова метода при операција на мозочна аневризма

Балкан | пред 21 час

— реклама —
media-librarya21ta639bia97PyqYKE

Студентите во Србија најавуваат специјален суд и бараат оставки од најмоќните функционери

Балкан | пред 23 часа

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Лажни дојави за бомби во објектите на РТС, вработените се вратија на работа

Балкан | пред 1 ден

zmija-1

Питон пронајден во училишен двор во Белград, сопственикот тврди дека му испаднал од ранец

Балкан | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања