Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Евакуации и експлозии: Украински дронови удрија по руска лука и рафинерија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-libraryvb0d0ahug1sq4Nfpofr

Украинските беспилотни летала синоќа изведоа координирани удари врз клучни руски енергетски објекти, таргетирајќи ја морската лука Темрјук во Краснодарскиот крај и рафинеријата за нафта во Сизран, Самарска област, пренесуваат регионалните власти и руските медиуми, повикувајќи се на „The Kyiv Independent“.

— реклама —

Според Оперативниот штаб на Краснодар, во нападот врз Темрјук дошло до пожар и оштетување на делови од пристанишната инфраструктура. Иако официјално не е соопштено кои објекти биле погодени, локални снимки што ги анализираше опозицискиот руски медиум „Астра“ укажуваат дека горел гасен терминал. Сето присутно персонал било евакуирано, а засега нема пријавени жртви.

— реклама —

Луката Темрјук е едно од клучните руски енергетски упоришта на Азовското Море, со терминали за извоз на нафта и течен нафтен гас.

Во истата ноќ, жители на градот Сизран, околу 700 километри од украинската граница, пријавиле експлозии во локалната рафинерија. На социјалните мрежи се појавија снимки за кои се тврди дека го прикажуваат нападот. Градоначалникот Сергеј Володченков потврди дека бил изведен удар со дрон, но не откри детали за целите.

— реклама —

Рафинеријата во Сизран, која работи од 1942 година и е во сопственост на државната „Роснефт“, годишно обработува околу 8,5 милиони тони сурова нафта и претставува важен дел од рускиот енергетски капацитет.

Нападите се дел од пошироката украинска стратегија насочена кон руската нафтена индустрија – сектор што е клучен за финансирање на воените операции на Москва. Украинските власти ги нарекуваат ваквите удари „далекуметни санкции“, бидејќи имаат за цел да ја намалат способноста на Русија да обезбеди гориво и средства за војната.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycotrkdlsoidr1imd1cr

Најмалку 13 загинати во руски напад врз железнички перон во Украина

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library3b1ehvm9660rd5i4hA6

Русија тврди дека 613 дронови се упатиле кон Москва во текот на ноќта

Свет | пред 1 ден

media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Русија ја исклучува Европа од преговорите за Украина: „Можат да дојдат ако си купат билети“

Свет | пред 2 дена

media-libraryngcrvfoeij4ibOFEDxF

(Видео) Русија лансираше ракета способна да носи нуклеарно оружје, прелета 5.400 километри

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања