Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Филипче: Другите одат кон ЕУ, нас нè нема – до кога ќе чекаме гаранции?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
media-library6r6mh4a8ohkdd21wdVB

Претседателот на СДСМ и претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, побара појаснување за тоа до кога Македонија ќе чека на најавуваните гаранции за напредок во преговорите со Европската Унија.

На средба со делегација на Сенатот на Франција во Собранието, Филипче рече дека СДСМ би поддржал подобри услови за преговарање и механизми што би спречиле нови блокади, но оцени дека досега нема видливи резултати од владините најави.

— реклама —

Тој посочи дека времето поминува и побара одговор што ќе се случи доколку такви гаранции не бидат обезбедени.

— реклама —

Филипче се осврна и на изјавите на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, според кои Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина се споменуваат како земји со изгледи за членство до крајот на мандатот на актуелната Комисија. Според него, Македонија не е меѓу наведените земји.

Тој предупреди и на можните последици од продолженото одложување, вклучително и врз идното буџетирање и претпристапната финансиска поддршка од ЕУ.

— реклама —

Филипче изрази загриженост и околу владеењето на правото и односот кон медиумите, оценувајќи дека тие прашања се поврзани со продолжувањето на европскиот пат.

На средбата ја потврди определбата на СДСМ за европска интеграција и ја истакна поддршката од Франција за процесот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh1a0pvf66pfuaUCkkFs

Филипче: Со Мицкоски ќе останеме без нација, луѓето масовно бараат бугарски пасоши

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-library1bkovpeakj1f4j9CkQR

Филипче бара СДСМ да дојде на власт и вети: Секој граѓанин акционер во Државна лотарија

Свет | пред 21 час

media-libraryhaqek0kpenp3echg1tc

Филипче: Мицкоски со години ме руши, ме прават убиец на деца, доктор Менгеле и криминалец

Македонија | пред 21 час

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Нема пазарења со никој – граѓаните во Брвеница сами да одлучат за кого ќе гласаат

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања