Промени тема
Контакт

(ВИДЕО) Генералниот секретар Рашковски најави кривични пријави против повеќе лица и портали

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
raskoski

Драги Рашковски, генералниот секретар на Владата на прес-конференција ги објаснува деталите околу случајот во М-НАВ што произлезе по објавен разговор. Тој им се извини на сите држави и националности што се нашле повредени во објавениот разговор. Според него, е несериозно да се објават само 15-тина минути од разговорот кој што траел околу еден час.

Рашковски објави дека утре ќе поднесе кривична пријава против т.н. „свиркач“ од Македонска навигација, Климент Чепуњовски, и го потсети дека му се заканува затворска казна, бидејќи договорот со италијански „Леонардо“ за АТМ систем е потпишан во согласност од Живко Поповски, тогашниот претседател на УО на М-НАВ, инаку татко на министерот за надворешни работи Никола Поповски. Најави и пријави за Ваљон Беља, Ирена Радовановиќ, Миленко Неделковски и Љупчо Златев, новинарите кои ја пренесоа веста со објавениот разговор и транскрипт, според кој опозицијата тврдеше дека Рашковски влијаел „Леонардо“ да го добие тендерот иако нудел повисока цена.

— реклама —

„Потпишан е на 14 декември од страна на Живко Поповски, претседателот на Управниот одбор. Тој ја донесе одлуката. Значи минатата власт од нивен член, а не од Драги Рашковски“, вели владиниот генерален секретар.

Рашковски додаде дека во верзијата на аудио-разговорот има тотално елементарно непознавање на процедурите на Европската банка за обнова и развој и дека на 28 ноември 2018 кога требало да биде постигнат договорот со „Леонардо“, Климент Чепуњовски не сакал да го потпише договорот.

— реклама —

„За моето присуство на ваков состанок, жално е да не се знаат ингеренциите на генералниот секретар. Многу желно да не се знае кога некој ќе добие задолженија од Влада. Многу е жално што после 11 години слушнавме со што се занимавал нивниот генерален секретар (Кирил Божиновски). Тој се занимавал со други документчиња, а не со владини активности. Пет и пол години имаа непотрошени пари од ЕБОР. Треба да се испита зошто е тоа така. М-НАВ изборот го направил во јуни 2017 и избран е „Леонардо“. Од ЕБОР на 31 јули 2017 кој е давател на заемот е испратено писмо дека се е во ред и дека треба да се пристапи кон договор со „Леонардо“. Сите пречки се отстранети, но писмото М-НАВ не го испраќа. Новата власт затекна четири години доцнење на оваа набавка“, рече генералниот секретар на Владата.

— реклама —

https://www.facebook.com/VladaMK/videos/321013682179583/

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања