Промени тема
Контакт

(Видео) „Ги убивате сите деца, вклучително и вашите“, револт во Струмица поради загадениот воздух

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-librarysadj1g24iub21Rpr4Vf

Во Струмица вечерва се одржа протест за чист воздух, на кој граѓаните јавно го искажаа револтот од долгогодишното аерозагадување и, како што порачаа, институционалната незаинтересираност за заштита на јавното здравје.

Со транспаренти на кои пишуваше „Колку пари чини еден живот“, „До кога ќе бидеме депонија Европа“, „Ги убивате сите деца, вклучително и вашите“, „Надлежни за плата, ненадлежни за воздух“, „Корупцијата труе повеќе од индустријата“ и „Од смогот не се гледа иднината“, демонстрантите побараа итни и конкретни мерки за намалување на загадувањето и заштита на здравјето на граѓаните.

— реклама —

Од говорницата беше упатена остра критика кон институциите, при што говорниците истакнаа дека молкот и отсуството на реакција не се случајни, туку претставуваат свесна политика. Беше нагласено дека станува збор за политика на одолговлекување и „купување време“, во која се чека да помине уште една сезона, уште една зима или лето, додека последиците по здравјето на граѓаните се продлабочуваат.

— реклама —

„Кога државата не реагира како во вонредна состојба, таа испраќа порака дека нашето здравје е колатерална штета“, порачаа говорниците, предупредувајќи дека загадениот воздух директно влијае врз квалитетот на животот, а најмногу ги погодува децата, старите лица и хронично болните.

— реклама —

Протестот помина со извици „Сакаме да дишеме!“, а граѓаните порачаа дека нема да се откажат од притисокот кон надлежните сè додека не се преземат сериозни и долгорочни мерки за решавање на проблемот со загадениот воздух.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library26d0q4plkfvv82gPYdS

(Видео) Силно невреме ја погоди Струмица: Ѕид се урна врз паркирани автомобили, откорнати дрвја и оштетени покриви

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0fp67osvalfsaUsWjw2

Пожарникарите во Струмица на терен по невремето: Испумпуваат вода од поплавени простории

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryvaqgsc3fhtjo8ohRKq0

(Видео) Силно невреме ја зафати Струмица: Ветрот корнеше дрвја и однесуваше покриви

Македонија | пред 1 седмица

media-librarykgvu3u48ubht25brJFc

(Фото) Внимателно на патот Струмица–Валандово: Истурени пиперки на коловозот кај Костурино

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања