Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Ѓорѓиевски: Распишан тендерот за предквалификација за брз автобуски превоз во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-libraryup4301a81e6e25w49u4

По повеќегодишните најави и подготовки, проектот за брз автобуски превоз (БРТ) во Скопје влегува во нова фаза. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е распишана тендерска постапка за предквалификација за проектот.

Според Ѓорѓиевски, заинтересираните компании од Македонија и регионот ќе можат да аплицираат до 2 ноември, а тој ги повика компаниите да се пријават за да се обезбеди поголема конкуренција.

— реклама —

„Конечно, една од трите важни работи за скопјани поврзани со градскиот транспорт доаѓа до својот фотофиниш, а тоа е БРТ-то“, рече Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека во изминатиот период биле надминувани повеќе пречки и предизвици поврзани со проектот, при што ја истакна соработката со ЕБОР, тимот на Град Скопје и поддршката од Владата.

— реклама —
— реклама —

Ѓорѓиевски потсети и на постапката за набавка на 100 нови автобуси, за која, како што наведе, е завршена постапката и веќе тече рокот за испорака. Дополнително, тој го спомена и создавањето градски воз и железнички транспорт во рамките на Скопје, посочувајќи дека првата фаза од тој процес е завршена.

Според него, овие проекти треба да создадат предуслови за модерен градски транспорт, со повеќе можности за граѓаните и поголем удел на еколошкиот превоз.

Ѓорѓиевски изрази очекување дека до крајот на неговиот мандат скопјани ќе можат да го користат и БРТ-системот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybeoq1r3hnar07xnPXZi

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време – и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryc1qdhv9fjae3fc2SoGd

Ѓорѓиевски: БРТ е едно од повеќето функционални решенија за градскиот сообраќај, над 520 паркинг места кај Клиничкиот центар

Македонија | пред 1 месец

media-librarytdqo9uftd1429gAU7e7

Ѓорѓиевски: Жените се столб на нашата држава и незаменлива сила во демократскиот развој

Македонија | пред 1 месец

media-libraryndi0d8e5mo6k0TnLzbH

Ѓорѓиевски со честитка за 8 Септември: „35 години независност, гордост и непокор“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања