Промени тема
Контакт

(Видео) „Главата му беше надвор од авионот, го држевме за нозете“ – драма на летот на „Рајанер“ по пукање на прозорец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Настани
media-library91ao9meerju69DKSvnn
screenshot instagram

Патниците на летот на „Рајанер“ од Солун кон Минхен доживеале вистинска драма откако, според грчките медиуми, за време на летот пукнал прозорец на авионот, што предизвикало декомпресија во кабината. Поради инцидентот, авионот се вратил на аеродромот „Македонија“ во Солун.

Според информациите, веднаш се активирале маските за кислород, а авионот започнал нагло да ја намалува висината. Патниците раскажуваат дека во кабината настанала паника, а многумина мислеле дека некој ја отворил вратата за итни случаи.

— реклама —

Особено драматични биле моментите околу 61-годишен српски државјанин, кој седел до оштетениот прозорец. Сведоци тврдат дека неговото тело делумно било извлечено надвор од авионот, но благодарение на безбедносниот појас и брзата реакција на сопругата и останатите патници, тој бил извлечен назад во кабината.

— реклама —

„Се слушна силен тресок, како да пукна гума. Луѓето почнаа да врескаат, а поради декомпресијата авионот веднаш почна да се спушта. Сите ги ставивме маските за кислород“, изјавила една патничка за локално радио.

Претседателот на Федерацијата на болнички работници на Грција, Михалис Јанакос, случајот го опиша како „замалку избегната трагедија“.

— реклама —

Повредениот патник бил пренесен во болницата АХЕПА во Солун, каде што му биле констатирани повреди на вратот и изгореници од триење, но бил свесен.

— реклама —

Во болница превентивно била пренесена и бремена патничка. По извршените прегледи и ултразвук, таа била пуштена на домашно лекување, бидејќи не биле утврдени компликации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryccbvsdjasemia8W2AvY

Важно за Македонците кои патуваат кон Грција: Вечерва се затвора дел од обиколницата кај Солун

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryhgevo332isba8jXMWHR

Голем пожар во кафуле во Атина, евакуирани станарите од зградата

Балкан | пред 6 дена

media-libraryj5js5dh1ucr2aPgxRfG

Американската амбасадорка во Грција лобирала за продажба на американски гас низ Балканот

Балкан | пред 6 дена

media-libraryqu8l73q8e6ol5Ij5yxe

(Видео) Снимал како „лета“ со 310 км/ч на автопатот кај Солун, па снимката ја објавил на ТикТок

Настани | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања