На доделувањето на признанија по повод Денот на ослободувањето на Кочани, Иван Ивановски од „Support Kocani“ им се обрати директно на присутните функционери, советници, директори и пратеници со остри зборови.
View this post on Instagram
„Многу ми е жал што за ваква работа треба да добиеме награда. Морам да бидам искрен малку. Сите сме криви за ова што ни се случи. Да, некој е повеќе крив, некој е помалку крив. Вие што седите тука и сте на функција сте малку повеќе криви од нас. Така што, запрашајте се сите, мислам дека е време да ги тргнете партиите на страна и од срце да правите работи. Ова е она што ние за шест месеци успеавме да направиме за нашиот град. Вие што направивте? Не викам дека ништо не сте направиле, ама дајте, седнете, за луѓето правете сите работи. Дајте да покажеме срце за Кочани. Ни се иселуваат луѓе, ни гинат, а ние партиски се препукуваме кој од која партија бил“, кажа Ивановски во име на „Support Kocani“ кои изминативе месеци собраа илјадници евра донации, обезбедуваа целосна логистика за купување на медицински помагала кои тие ги финансираа, помагаа на семејства погодени од трагедијата во „Пулс“.
Ивановски додаде: „Дајте сега вие што сте при крај со мандатот и нови што ќе дојдат, размислувајте за Кочани, па после сите други работи. Можеби ова не беше ова добра прилика да ви го кажам, на ова место, но сега ми лежеше на срце“.