Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Глувци на таванот во студентските тоалети во „Пелагонија“: Од управата на домот добиле отров за да ги истребат глодарите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Скопје
media-librarysk2psehhojvi4xzmWCN
Х

Повеќе глувци се движат по таванот на тоалетот во студентскиот дом „Пелагонија“ во центарот на Скопје, покажува видео-снимка што вечерта ја испратија неколку студенти до порталот „Студентарија“.

— реклама —

Снимката уште еднаш го отвора прашањето за условите во кои живеат студентите во државата, откако пред некој ден беше објавено дека не работат лифтовите во „Гоце Делчев“, па студентите до највиските катови на раве носта, торби, куфери, храна.

— реклама —

Во овој случај, според студентите, проблемот со глодарите бил пријавен кај службите во домот, но наместо интервенција, тие добиле несоодветен и понижувачки одговор. „Од глувци ли се плашите?“ – им било речено од страна на управата, откако пријавиле дека во тоалетот има глувци кои слободно се движат по таванот.

По повторно поднесените жалби, студентите тврдат дека им бил предаден отров со објаснување дека самите треба да го постават во просториите каде што се движат глодарите.

— реклама —

Настанот повторно го актуелизира прашањето за студентскиот стандард и грижата на институциите за младите кои живеат во домовите во Скопје и низ државата – простори што треба да обезбедуваат достоинствени и безбедни услови за живеење, а не сцени што потсетуваат на запуштени подруми.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

nova-godina-skopje

Елка од 13 метри, огромен подарок и стотици светлечки украси: Скопје за Нова година ќе биде украсено до 15 декември

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
media-library9j8fft04sbtj2zgDmXO

Од март директни летови од Дубаи до Скопје трипати неделно

Македонија | пред 1 седмица

media-library5kaad709soclbS56NZz

По долгогодишна запуштеност, повторно се отвораат градските цвеќарници во Скопје

Скопје | пред 2 седмици

media-library6pfv0i87ni0ncRn4li1

Скопје девет дена ќе биде европски центар на танцот - Започна IDO European Dance Championship 2026

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања