„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Го расклопија возилото да му ја најдат дрогата на скопјанец кој е фатен со 10 килограми кокаин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Настани
media-librarylkkv0ikbcjfj3SFfZBh

Полициски службеници запленија околу 10 килограми кокаин скриени во импровизиран бункер во патничко возило „БМВ Х5“, а возачот на автомобилот е лишен од слобода, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Настанот се случил на 31 декември 2025 година околу 14:30 часот во селото Горно Количани, скопско, кога полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје сопреле возило со скопски регистарски таблички, управувано од И.Е. (26) од Скопје. Поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, возилото било одземено за понатамошна проверка.

Следниот ден, на 1 јануари 2026 година, по претходно обезбедена судска наредба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија, во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР и службеници од Царинската управа со службено куче, извршиле деталeн претрес на возилото. При прегледот, во специјално изработен бункер во подвозјето биле пронајдени и одземени околу 10 килограми кокаин.

— реклама —

Возачот И.Е. е лишен од слобода, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања