Промени тема
Контакт

(ВИДЕО) Го унапрадивме животниот стандард, тврди Шкријељ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sanela-2

„Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ останува посветено на унапредување на животниот стандард на граѓаните. Следува ново зголемување на минималната плата, Законот е веќе во собраниска процедура и по неговото усвојување 80.000 работници веќе од први април ќе добиваат минимална плата од најмалку 18.000 денари. Тоа е зголемување за повеќе од двојно споредено со периодот од пред четири и пол години кога минималната плата во поедини индустрии изнесуваше 8.800 денари“, вели Санела Шкријељ, пратеничка.

Таа додава:

„Растот на минималната плата неизбежно ќе доведе до раст и на останатите плати во сите сектори.

Затоа се важни измените на Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ги блокираат речиси цела година.

Со цел да расчистиме со некои дилеми и намерно пласирани дезинформации во јавноста поврзани со овој Закон, би сакала да укажам што предвидуваат предлог измените во законот.

— реклама —

Имено министерството и репрезентативниот синдикат склучуваат спогодба, со којашто се утврдува износот на вредноста на бодот за пресметување на платите на наставниците и стручните соработници.

Вредноста на бодот за пресметување на платите на наставници и стручни соработници се усогласува со процентот на пораст на минималната плата утврдена согласно закон.

— реклама —

Оттука, паѓаат во вода лагите дека со ова законско решение нема да се зголемат платите во образованието.

Со усвојување на Законот за минимална плата и Законот за наставници имаме дополнително зголемување на платите на над 27.000 наставници во основното и средното образование.

За нас како парламентарно мнозинство интересите на граѓаните мора да бидат на прво место и ќе направиме се да постапката за усвојување на овој Закон продолжи и да овие измени бидат донесени и да имаме подобар животен стандард за наставниците и стручните соработници и покрај блокадите, деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања