Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Голем пожар во Брисел: Пронајдени јагленосани тела, има и исчезнати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library6bj48e9kcll68t10U4R

Неколку јагленосани тела се пронајдени по големиот пожар што избувна во зграда во центарот на Брисел, додека најмалку шест лица сè уште се водат како исчезнати, јавуваат белгиските медиуми, повикувајќи се на локалните власти.

— реклама —

Според првичните информации, телата биле пронајдени во еден од лифтовите во зградата, која била во фаза на реконструкција. Пристапот до вториот лифт првично бил невозможен, поради што спасувачките екипи не ја исклучуваат можноста таму да има уште жртви.

Во пожарот се повредени најмалку три лица, а уште двајца со изгореници се пренесени во болница. Еден пожарникар добил лекарска помош на местото на настанот поради топлотен удар.

— реклама —
— реклама —

Пожарот избувнал утринава во зградата „Окси“ на плоштадот Брукер во центарот на Брисел. Според канцеларијата на јавниот обвинител, во моментот на избувнувањето на пожарот во објектот имало околу 250 градежни работници кои работеле на поставување лифтови.

Пламенот избувнал на вториот кат, а потоа преку отворот за лифт се проширил кон подрумот, предизвикувајќи пожар од големи размери. Спасувачките екипи продолжуваат со пребарување на лифтовските шахти и останатите делови од објектот во потрага по евентуално заробени лица.

Причината за пожарот засега не е позната, а истрагата е во тек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 1 седмица

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 1 седмица

media-library372j1967aalr4Ld4tDV

Три активни пожари во Македонија, еден е под контрола

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања