Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

(Видео) Голем пожар во туристички комплекс во Доминиканската Република: Една жена загина, евакуирани 1.700 лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Свет
media-libraryjk42fiebct3aeIe72LZ
screenshot instagram

Најмалку едно лице го загуби животот, а неколкумина се повредени во голем пожар што избувна во популарно туристичко одморалиште во Доминиканската Република, поради што биле евакуирани околу 1.700 лица.

Огнената стихија го зафатила хотелскиот комплекс „Вива Доминикус Бајахибе“ во покраината Ла Алтаграсија, а снимките од местото покажуваат густ чад и пламен што брзо се ширел низ дел од објектот.

— реклама —

Според службите за итни случаи, животот го загубила 46-годишната италијанска државјанка Франческа Валентино. Три лица биле пренесени во здравствени установи, додека уште шестмина добиле лекарска помош на самото место.

Меѓу повредените има гости на хотелот, посетители и припадници на службите за итни интервенции, кои учествувале во спасувачките активности.

— реклама —

Според првичните информации на Центарот за итни операции, пожарот брзо се проширил поради запаливите материјали во кровната конструкција, изработена од палмини лисја, како и поради ветерот и временските услови.

Противпожарните екипи веднаш биле испратени на терен, но поради интензитетот на пожарот постоела опасност пламените јазици да се прошират и на околните објекти во комплексот. Очевидци сведочеле дека пожарникарите се соочиле со сериозни предизвици при локализирањето на огнот и дека била потребна дополнителна поддршка за негово целосно гаснење.

По неколкучасовна интервенција, пожарот бил ставен под контрола, а гостите привремено биле сместени во други хотели во близина. Од надлежните информираат дека причините за избувнувањето на пожарот сè уште не се утврдени и дека истрагата продолжува.

— реклама —

Хотелот „Вива Виндам Доминикус Палас“, кој се наоѓа во рамките на истиот хотелски синџир, не бил зафатен од пожарот и не претрпел штета.

Властите соопштија дека туристичките активности во Бајахибе и околните туристички зони продолжуваат нормално и безбедно.

— реклама —

Доминиканската Република важи за една од најпосетуваните туристички дестинации на Карибите, позната по своите бели песочни плажи и тиркизно море. Само во првите пет месеци од годинава земјата ја посетиле околу 5,6 милиони туристи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-04-08-at-14.33.13

(Видео) Најмалку 15 загинати при уривање на покривот на ноќен клуб во Доминиканската Република

Свет | пред 1 година

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања