Голема дупка се отворила на улица во југоисточен Рим и проголтала два паркирани автомобили.
Дупка со големина од 10 метри и длабока околу 10 метри се отворила во раните утрински часови, јавија италијанските медиуми, повикувајќи се на локалната полиција.
Фотографиите и видеата од големиот кратер брзо се проширија на социјалните мрежи.
Нема извештаи за жртви, а службите за итни случаи соопштија дека за време на инцидентот немало луѓе на улица. На местото на настанот пристигнаа локалната полиција и пожарникарите.
Во текот на ноќта полицијата ја затвори улицата и го обезбеди загрозениот простор во населбата Квадраро. На фотографиите се гледаат други автомобили паркирани покрај дупката, кои морале да се отстранат.
https://twitter.com/RS38900/status/1773381104248009142