Горат далноводите спроти трафостаницата која се наоѓа на патот Пинтија-Драчево. Пожарот избил по 17 часот според информации на „Скопје1“. Мобилизирани се сите екипи на противпожарната бригада во Скопје, а доколку има потреба ќе се повикаат и од соседните градови. Протосторот го обезбедува полицијата, бидејќи местото е високоризично. Се прави се за побрзо да се изгасне пожарот.
„Поради експолозија на високонапонска мрежа на МЕПСО, дел од Скопје е со прекин во електрична енергија, но се вклучува дел по дел“, велат од ЕВН.