Од синоќа гори депонијата кај Буково.Противпожарната единица од Општина Охрид од синоќа е на терен и го контролира огнот. Но, дознаваме дека пожарот неможе да се изгасни целосно затоа што е во внатрешноста на натрупаниот смет, поради што единствен начин е да се затрупа сметот со земја.
Инаку задолжена за одржување на депонијата е фирмата „Нефи ИК“, во сопственост на советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини. За расчистување на отпадот, фирмата на Усеини зела 48 илјади евра од ЈП „Охридски комуналец“. Во склучениот договор пишува дека фирмата треба да го затрупува отпадот. Договорот склучен меѓу јавното претпријатие и фирмата е за период од 12 месеци и важи до мај идната година.
https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2349895448585076/