„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Гори и планината Јабланица - теренот не е пристапен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
jablanica-1

Нов голем пожар на Јабланица. Пожарот е над селата Вевчани, Октири и Лабуништа.

— реклама —

Неофицијално гори шумата кај локалитетот Вајтос - кој е археолошки локалитет од римско време на Јабланица. Од СВР велат дека теренот не е пристапен за проти пожарните екипи.

 

— реклама —

TdoXkwCIdp8

Инаку овој пожар сеуште не е регистриран во центарот за управување со кризи. Според нивните официјални подаци еве ги активните пожари до 13 часот во земјава:

Скопски регион

Пожарот на м.в.Љуботенски Бачила, е активен, од ЕЛС Бутел е побарано ангажирање на авионите на ДЗС.

Кумановски регион

Од утринските часови вработени од ШС интервенираат на активни жаришта на опожарената нискостеблеста дабова шума од вчерашниот пожар во атарот на с.Живиње (опш.Куманово) – с.Сушица (опш.Петровец).

Во интервенцијата учествуваат и ТППЕ Куманово.

Струмички регион

Активен пожар има во атарите на селата Свидовица и Куклиш со кој опожарена е мешана шума, нискостеблеста даб и габер на површина од околу 5 хектари. Интервенираат вработени од ШС Беласица – Струмица и ТППЕ Струмица

Охридски регион

Во општина Македонски Брод активен е пожарот во атарот на с.Рамне каде гори ниска деградирана шума и смрека. Од утрово интервенираат вработени од ШС Сандански – Македонски Брод.

Пожарите во атарите на селата Горно Ботушје и Црешово се ставени под контрола.

Велешки регион

На територијата на општина Чашка има два активни пожари и тоа: Во атарот на с.Црешнево каде интервенираат ШС Бабуна – Велес и ЈКП Тополка – Чашка и во атарот на с.Мокрени каде интервенираат од ШС Бабуна.

Штипски регион

Во општина Кочани, пожарот кај с.Пресека (близу манастирот) сеуште е активен и опожарена е борова шума. Интервенираат од ШС Осогово - Кочани, од Шумска полиција и ТППЕ Кочани.

Во општина Берово, пожарот кај с.Владимирово каде гори папрат и дабова шума е се уште активен. Интервенираат од ШС Малешево, месно население и од шумската полиција.

Тетовски регион

Пожарот кај с.Седларево е локализиран.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања