Промени тема
Контакт

ВИДЕО: Гори меѓу две села во кратовско Кокино, теренот непреоден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
pozar-staro-negoricane-03.08.2021

Пожарникарите од Старо Нагоричане заедно со припадници на Армијата, полицијата и екипа на шумско стопанство се на терен и работат на догасување на две активни жаришта пожарот во месноста Кокински дол под опсерваторијата, помеѓу селата Кокино и Арбанашко, соопштија денеска надлежните од противпожарната единица и од РЦУК Куманово.

— реклама —
— реклама —

„Во моментот има еден активен пожар во дол помеѓу селата Кокино и Арбанашко. Бидејќи се работи за непристапен терен, не може да се отиде со возила, туку само со луѓе. Отежнителна околност е што дува силен ветер и го носи часот и огнот на сите страни. Се работи за голем пожар и ако се спуштиме долу постои опасност да се угушиме. За овој пожар не е потребна воздушна поддршка“, изјави командирот на Противпожарната единица на Старо Нагоричане, Далибор Трајковски за СДК.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања