Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ВИДЕО: Гори над Галичник, се гасне пожар со хелихоптери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
mkd-507942

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите зафатена е борова шума, а куќите не се загрозени. Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

— реклама —

„Засега гори само шума, нема опасност за куќите“, велат од селото.

Во координација со Армијата и Центарот за управување со кризи, на пат е хеликоптер за гаснење пожар. На пат се и екипи од противпожарната служба, а на терен е екипа на Национален парк.

— реклама —

– Центарот за управување со кризи, по добиената информација за голем пожар над селото Галичник, околу 13.30 часот координираше со регионалните центри и локалната самоуправа, па заради непристапноста на теренот ја извести и Армијата, којашто ќе дејствува со еден хеликотер со ведро за гаснење за пожарот и заштиа на Галичник. ЦУК истовремено координираше и да се обезбедат и координати и лице на терен за комуникација со хеликоптерскиот армиски екипаж. Известена е и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Локалните едининици за противпожарна заштита (ТППЕ), Министерството за внатрешни работи (МВР), а и другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК), согласно процедурите за работа на дежурните регионални центри за управување со кризи, информираат од ЦУК.

— реклама —

Шумскиот пожар заради засилениот ветар претставува потенцијална опасност за селото, но истовремено е опасност и за силите ангажирани за гаснење. Пожарот е на непристапен терен и гори борова шума, се додава во соопштението на ЦУК.

Фото: Мкд.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања