„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Град Скопје го отвори зелениот покрив на домот на градежници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Градот Скопје во соработка со УНДП го уреди вториот зелен покрив во строгиот центар на градот - покривот на Домот на културата „Кочо Рацин“, попознат како Домот на градежници. Според проектот, на површина од речиси 400 квадратни метри се засадени над 30 различни видови садници – дрвја, средно и ниско зеленило кое е функционално распоредено, има тревна површина и вертикално зеленило на ѕидовите, а поставени се и клупи и канделабри. Ова ново зелено катче денеска и официјално го отворија за посетители градоначалникот Петре Шилегов, постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Нарине Сахакјан, заменик-амбасадорот на Холандија во нашата земја, Роберт Декер, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

— реклама —

- По фантастичното искуство што го имавме со отворањето на зелениот покрив на Градскиот трговски центар ова е втора ваква површина што како јавен простор ја ставаме на користење за граѓаните. Таа се наоѓа во Малиот ринг, онаму каде што и тоа како ни е потребно зеленило. Постарите генерации скопјани се сеќаваат дека токму на овој простор се наоѓало летно кино, а граѓаните од околината можеле да уживаат во кино-претстави. Тоа е всушност и идејата на Градот, на оваа површина во текот на летниот период да организираме мини отворено кино, таканаречено „немо“ кино во кое со слушалки ќе се гледа претставата, за да не пречиме на соседството. Ем ќе ги вратиме спомените, ем ќе го облагородиме овој простор – рече денеска градоначалникот Шилегов.

— реклама —

Тој додаде дека Градот Скопје многу вложува во зеленилото, а деновиве почнува и сезоната на пролетно садење.

- Сакам да упатам голема благодарност до амбасадата на Кралството Холандија и до заменик амбасадорот Роберт Декер за донацијата на муралот кој што го облагороди изгледот на овој објект – нагласи Шилегов.

Проектот за изградба за зелениот покрив на Домот на градежници е финансиран од буџетот на Град Скопје во вредност од околу 18,5 милиони денари, а имплементиран е во соработка и со поддршка на УНДП.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања