Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

(ВИДЕО) Градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ се луксузираат среде криза, а бараат пари од Владата, обвинува Каевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
darko-kaevski

„ВМРО-ДПМНЕ владее на локално ниво, раководи со повеќе од половина од општините, а резултатите се еднакви на нула. Како локална власт, ВМРО-ДПМНЕ не ги исполнува ветувањата, немаат реализирани проекти. Тие само бараат пари од Владата а се луксузираат, трошат народни пари а ништо не работат. Во време на криза наместо за помош на граѓаните, наместо на проекти за развој на општините, тие парите ги трошат на луксуз и партиски вработувања. Ништо повеќе. Последен пример за расипничко трошење на парите на граѓаните е набавката на скапи компјутери вредни околу 38.000 евра од страна на градoначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски“, посочи Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

„Уште еден пример е градоначалничката Данела Арсовска. Град Скопје годинава ќе потроши неверојатни 670.000 евра за вработување на 109 партиски кадри.

— реклама —

Во исто време кога ги остави скопјани без парно па мораше Владата да им помогне. Во исто време кога секој ден се жали дека нема пари.

Додека централната власт предводена од СДСМ работи на надминување на последиците од енергетската криза, локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ не работи ништо, се лукс узира и безобразно троши пари на граѓаните.

— реклама —

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија и на локално и на централно ниво работи единствено за свои интереси, на штета на интересите на граѓаните, на општините и државата“, вели Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања