Вицепремиерот Артан Груби со изјави на албански политичари од Косово и Албанија, бара Албанците да е попишат. Велиме Албанците, бидејќи пораките од видеото се на албански јазик и доаѓаат само од албански политичари. Кога првпат се појавија овие изјави, од јавноста беа оценети како мешање на странски држави во домашните политики. Но, тоа не го спречува Груби и натаму да си води кампања со истите тие изјави. Ова остава впечаток дека поголем авторитет од ДУИ како политичка партија се политичките лидери и челници на Албанија и Косово.
„Апели од сите страни за Пописниот процес Власта и опозиција, Албанија и Косово, сите политички лидери, а и тие од граѓанското општество, се приклучуваат на повиците за успешен Попис Само уште неколку дена остана до крајниот процес, вклучете се сите во Пописниот процес Дијаспората продолжува со попис онлајн на следниот линк“, напиша Груби.
Инаку, овие пораки се реобјавуваат еден ден откако Али Ахмети се попиша и молеше и останатите да се попишат. Не запираат коментарите дека на ДУИ како партија и е најважно Албанците да пописот да се во што поголем број од другите националности.