Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Хаос на ракометен терен во Србија, седум сини картони за играчи од двете екипи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Спорт
media-libraryqv7ncof0nrbeevKVETW

Ракометниот натпревар меѓу Напредак од Крушевац и Караѓорѓе од Топола, во рамките на седмото коло од Првата лига на Србија, група Запад, беше прекинат по масовна тепачка во која учествуваа играчи и членови на стручните штабови на двете екипи.

— реклама —

Инцидентот се случил во последната минута од средбата, при водство на Напредак од 31-27. По погодокот на домашниот тим, голманот на гостите реагирал кон противнички ракометар и го удрил со подлактица во главата. Тоа предизвикало реакција кај домашните играчи, по што настанала масовна пресметка.

— реклама —

Во тепачката се вклучиле и ракометарите од резервните клупи, како и членовите на стручните штабови. Физичкиот судир продолжил неколку минути, по што судиите го прекинале натпреварот и ги испратиле екипите во соблекувалните.

— реклама —

По пауза од околу 25 минути, арбитрите ги изрекле санкциите. Вкупно биле покажани седум сини картони – три за играчите на Напредак и четири за гостинскиот состав.

— реклама —

Синиот картон во ракометот значи дека инцидентот ќе биде дополнително пријавен до надлежните дисциплински органи, кои можат да изречат и дополнителни казни за учесниците во тепачката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryud13o1m6n1atcvbYVia

Правниот факултет во Загреб се огради од професорот кој ги советувал студентите во Србија

Балкан | пред 2 часа

— реклама —
media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Полициски функционери приведени по истрага за насилство во зградата на Владата во Белград

Македонија | пред 13 часа

vulin

(Видео) Вулин со снимка од Москва демантираше дека избегал од Србија

Балкан | пред 14 часа

media-libraryor0v9a9fvj2q5gnjhBc

Снимките од аеродромот во Белград под истрага по враќањето на авионот за Москва: Патник поминал низ контролата и покрај активираниот аларм

Балкан | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања