„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ракомет

Screenshot-2025-06-05-at-10.48.08

Алкалоид шампион, ЕХФ со конечна одлука

Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука за натпреварот со Алкалоид-АЕК во Скопје, во рамки од финалето во Европскиот Куп.-ЕХФ Судот за ракомет увиде дека АЕК задолжително мораше да учествува на закажаниот натпревар. Со одбивање ги прекрши правилата и регулативите на ЕХФ и е виновен.Одлуката на Судот е следната:Резултатот од реванш дуелот од финалето на Европскиот куп на ЕХФ 2024/25 меѓу РК Алкалоид и АЕК Атина е 10-0 и 2-0 во поени. Првиот меч заврши со 29-25 за РК Алкалоид.РК Алкалоид е победник на Европскиот куп на ЕХФ за сезоната 2024/25, стои во соопштението на ЕХФ.

Спорт | пред 6 месеци

Screenshot-2025-05-25-at-20.50.34

Се огласи Ракометната федерација: Сметаме дека неизлегувањето на терен од страна на РК АЕК претставува директно прекршување на спортскиот кодекс

Ракометната Федерација на Македонија со жалење ја информира јавноста за инцидентот што се случи на вчерашниот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот Куп, на кој македонскиот претставник РК Алкалоид требаше да се соочи со грчкиот тим РК АЕК пред домашна публика во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.„Натпреварот не се одигра откако тимот на РК АЕК одби да излезе на теренот. Според информации со кои располага федерацијата, причината за оваа одлука на гостинскиот тим е поврзана со бројот на навивачи од Грција кои допатуваа во Скопје, и покрај тоа што за гостинскиот тим беа одобрени 200 влезници, значителен број навивачи бараа пристап на трибините без обезбедени билети. По повеќе од 30 минути неизвесност и чекање, организаторите беа принудени да го одложат натпреварот, поради отсуството на едниот тим на теренот. Со ова, спортскиот дух и фер-плеј беа сериозно нарушени, а публиката и македонскиот ракомет беа лишени од едно финале на кое долго се чекаше“, велат од Ракометната Федерација на Македонија.Тие додаваат: „Ракометната Федерација на Македонија остро го осудува ваквото однесување, кое е спротивно на правилата и регулативите на Европската ракометна федерација (ЕХФ). Сметаме дека неизлегувањето на терен од страна на РК АЕК претставува директно прекршување на спортскиот кодекс и обврските кои произлегуваат од учеството во натпреварувањето организирано под капата на ЕХФ. Во таа насока, Ракометната Федерација на Македонија ќе достави официјално известување до ЕХФ, со барање за соодветна постапка и санкционирање согласно постојните прописи. Очекуваме ЕХФ да донесе праведна одлука која ќе го заштити интегритетот на натпреварувањето и фер односот кон клубовите кои ги почитуваат правилата. Истовремено, изразуваме целосна поддршка на РК Алкалоид, кој покажа максимална спортска подготвеност и професионален пристап. Убедени сме дека нашите клубови, навивачи и сите засегнати страни заслужуваат фер и транспарентен третман“.

Спорт | пред 6 месеци

IMG_5763

Се огласи грчкиот клуб: Одлуката беше принудна

АЕК на нивната официјална Фејсбук и интернет страница се огласи по повод мечот против Алкалоид кој вечерва не се одигра. Тие потврдија дека не излегле на терен поради тоа што на нивните навивачи не им било дозволено да влезат во Македонија.“АЕК значи чест, гордост, почит и морални вредности. АЕК значи семејство, АЕК значи УНИЈА! Најголема поддршка на АЕК со текот на времето се неговите навивачи. И непочитување во овој свет е и непочитување кон АЕК. Вечерва администрацијата на АЕК во еден глас донесе тешка, но принудна одлука. Ниту една сила не може да му направи неправда на овој свет, како што се обидоа да направат локалните власти што кулминираше со тоа што не им дозволи на некои од нашите навивачи да ја преминат границата и да влезат во земјата, како што беше договорено на утринскиот безбедносен состанок. Сите сме тука, продолжуваме обединети, не преговараме за цената на АЕК”, велат од клубот.

Спорт | пред 7 месеци

Screenshot-2025-05-25-at-20.50.34-1

Се огласи ЕХФ по откажаниот натпревар помеѓу „Алкалоид“ и „АЕК“: Не се одигра поради безбедносни причини

Натпреварот што требаше да биде круна на европската ракометна сезона за клубот Алкалоид заврши без одигрување. Финалето од Европскиот куп на ЕХФ против АЕК Атина официјално е откажано поради безбедносни причини, соопшти Европската ракометна федерација.„Финалето на Европскиот куп на ЕХФ, помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК Атина, е откажано поради безбедносни причини. Дополнителни информации за понатамошните процедури ќе бидат соопштени навремено“, наведуваат од ЕХФ.Сепак, извесно е дека грчки АЕК се откажал поради притисоци од навивачите кои поставиле ултиматум до сопственикот клуб. Во Македонија дошле повеќе од 200 навивачи, без карти и не можеле да влезат. Барале од управата на клубот да го напушти теренот за да не трпи последици по нивното враќање во Атина.

Свет | пред 7 месеци

alkaloid-grcija

„Алкалоид“ чекаше, „АЕК“ се повлече – финалето стопирано

Натпреварот што требаше да биде ракометен спектакл во Скопје – финалето меѓу Алкалоид и АЕК – е откажан пред самиот почеток. Причината? Екипата на АЕК одби да излезе на терен, поради спор околу влезот на нивните навивачи.„Натпреварот вечерва нема да се одигра за жал. АЕК нема да излезе на терен. Така што, за понатамошни инструкции што со овој натпревар, ќе чекаме информации. За вечерашниот натпревар што требаше да биде спектакл, се извинуваме. Добивме информација дека екипата на АЕК не сака да го одигра натпреварот“, рече официјалниот спикер.Вечерва требаше да се додели пехарот, но тоа нема да се случи. За судбината на ова финале ќе се одлучува дополнително. Според неофицијалните информации, екипата на АЕК се откажала оти сакале во салата да влезат повеќе од 200 нивни навивачи, што било недозволиво и надвор од дадените насоки.Неофицијално, играчите на АЕК сакале да го играат натпреварот, ама претседателот на клубот бил во кавга со навивачите и добивал закани. Па затоа, била донесена ваква одлука. Дали ќе има нов натпревар или ќе биде доделен пехарот на „Алкалоид“, ќе одлучува Европската ракометна федерација.

Спорт | пред 7 месеци

Screenshot-2025-01-19-at-15.04.52

Македонија казнета по скандалот на натпреварот со Холандија

Победата на Холандија над Македонија (37:32) во Вараждин остана во сенка на голем навивачки бунт.Испровоцирани од двата црвени картони, кои данските судии ги доделија на нашата репрезентација, македонските навивачи почнаа да фрлаат тврди предмети на теренот, па Холанѓаните мораа да истрчаат во соблекувалната.Mеѓународната ракометна федерација реагираше и им испорача казни и на Македонската федерација и на организаторите.Исто така, Хрватите беа предупредени дека Арената во Вараждин ќе биде затворена доколку се повторат слични инциденти, додека затворањето на трибината е задолжително.Дополнително, мора да се зголемат безбедносните мерки и бројот на обезбедувачи и полицајци.

Спорт | пред 11 месец

473438293_941511261444007_1536244837461533096_n

Нерешено заврши натпреварот Македонија-Унгарија на Светското првенство во ракомет

Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено на првиот натпревар од Светското ракометно првенство. Имавме напад за триумф, водство и меч-топка, но не ја реализиравме, а Унгарија знаеше да се извлече и да израмни за еден освоен бод.Македонските репрезентативци одиграа 27:27 (14:14) со Унгарија во салата во Вараждин, каде имаа голема поддршка од македонските навивачи.Унгарија се чинеше дека имаше успешен старт на натпреварот, Зоран Илиќ ги постигна првите два гола и исто така зголеми на 5-2 за Унгарците. Но, тогаш Мартин Митревски го блокира голот на Македонија, Унгарија исто така направи неколку лоши додавања и Македонија влезе во игра - прво директно израмнување, а потоа уште два гола. Пред сѐ Филип Кузмановски презеде голема одговорност во тимот на Кирил Лазаров и умешно ја водеше играта.Унгарците дури пред крајот на првото полувреме се доближија и конечно можеа да се изборат за резултат 14:14 на полувремето.Утре е ден одмор, а во петок нашите ракометари повторно ќе истрчаат на теренот, против селекцијата на Холандија (18 часот).

Свет | пред 11 месец

rak-419749

Македонските ракометарки го освоија првиот бод на ЕП 2024

Македонската женска ракометна репрезентација вечерва одигра нерешено, 25:25 со Турција во 2. коло на Европското првенство 2024.Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски лошо го отворија натпреварот и по 20-ина минути имаа негатива од пет голови (6:11). Сеапк, до паузата успеаја да надополнат два гола и резултатот по 30 минути беше 12:15.Различна слика во вториот дел. Македонките со серија од седум последователни погодоци од 15:20 дојдоа во водство со 22:20. Во последните пет минути се влезе со 24:24. На една минута до крајот беше 25:25, Турција не го искористи нападот и двете селекции освоија по бод.За најдобар играч на натпреварот е прогласена Сара Ристовска која со осум голови беше и најефикасната во двете репрезентации.На другиот меч од 2. коло во А-групата, домаќинот Унгарија ја совлада Шведска со 32:25.Унгарија е лидер на табелата со 4 бода, Шведска има 2, Турција и Македонија по 1

Спорт | пред 1 година

d_sos20151120017-e1542306005905-1024x578

Груевски: Честитки за ракометарите, селекторот, стручниот штаб и федерацијата

По победата на македонските ракометари и пласирањето на светското првенство, се огласи и поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски.„Борбено, во напната атмосфера со тежок противник и многу добро одигран натпревар на македонскиот тим, кој резултира со пласман на светско првенство. Честитки за ракометарите, селекторот, стручениот штаб и федерацијата. Со успех на светското првенство#македонија се гордее со вас“, напиша Груевски.https://twitter.com/ilijadimovski/status/1515768879699607559?s=20&t=BW0N7Opr6wKXoip_1TCBJw 

Македонија | пред 3 години

278630190_541392414018340_5258819745201078676_n

(ВИДЕО) Ечат трибините по победата на македонските ракометари

По победата над Чешка ечат трибинитње во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.https://twitter.com/Gomatic2/status/1515767296945491972?s=20&t=NYe8A7wkf-kiD-2C28KYZgНатпреварот заврши со резултат 27:25.Ова беше последнот натпревар од баражот за следниот планетарен собир.Нашиот национален тим имаше предност во текот на целиот натпревар, на полувремето имаше два гола позитива (14-12). Во вторто полувреме, нашата селекција имаше и максимални четири гола предност, но најчесто беше на три гола предност.

Македонија | пред 3 години

278567958_541392394018342_1885535608441107700_n

„Македонскиот ракомет повторно меѓу најдобрите во светот“, вели Пендаровски

Одиме на Светско вели претсдателот на Република Македонија Стево Пендаровски.„Македонскиот ракомет повторно меѓу најдобрите во светот благодарејќи на нашите ракометари, на нивната посветеност, пожртвуваност, борбеност, но и на навивачите со кои создадовте нераскинлива врска.Заедно, во нови победи!“, вели Пендаровски.

Македонија | пред 3 години

74ea4608-8db2-4629-8a66-2ed313cb8c0c

„Семејството е во шок, тешко е да се каже како ќе постапат“, амбасадорката на Хрватска реагираше за Тот

Амбасадорката на Хрватска во Македонија, Нивес Тигањ ја коментираше смртта на 27-годишниот хрватски ракометар Денис Тот.„Семејството е во шок, си заминаа од Скопје. Во овој момент е тешко да се каже какви мерки ќе преземат и како ќе постапат. Им ја пруживме сета човечка поддршка и конзуларна помош, а ќе видиме кога ќе дојдат резултатите од истрагата“, изјави амбасадорката Тигањ за РТЛ.Во болницата се’ уште трае инспекцискиот надзор за смртта на ракометарот. Индекс. хр потсетува дека првично беше објавено оти кај Тот немало видливи повреди.„Поради овие контрадикторни информации кои првично ги пласираа болницата и полицијата дека на телото на починатиот Денис немало траги на насилство, а по обдукцијата која даде различни резултати, министерот за здравство покрена истрага. Државното правобранителство го оквалификува кривичното дело убиство“, рече Тигањ.Хрватскиот ракометар Денис Тот почина минатата недела откако три лица го нападнаа пред ноќниот клуб „Привилиџ“ во Скопје. По кратката вербална расправија, тројцата го нападнале Тот и му задале повеќе тупаници и клоци.Тот паднал од ударите и со задниот дел од главата удрил во асфалтот при што изгубил свест. Осомничените продолжиле да го удираат по главата, а потоа без да му помогнат избегале. Лице вработено во ноќен клуб повикало брза помош, по што Тот бил донесен во клиниката Марија Тереза ​​каде починал.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања