Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Македонските ракометари денеска во Грција ја бркаат втората победа во квалификациите за ЕП 2028

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 28 минути -

Македонија
media-libraryr24echlfo2pn85q2MrP
Фото: ФБ / Ракометна Федерација на Македонија

Македонската ракометна репрезентација денеска од 16 часот ја очекува гостување против Грција, каде што ќе се обиде да ја забележи втората победа во квалификациите за Европското првенство во 2028 година.

— реклама —

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе играат пред полни трибини и против мотивиран домаќин, кој во првото коло загуби од Шведска. Македонија, пак, ќе се обиде да го продолжи победничкиот почеток на квалификациите.

— реклама —

Најискусниот македонски репрезентативец Никола Костески очекува тежок натпревар и нагласува дека концентрацијата мора да биде на највисоко ниво во текот на сите 60 минути.

„Добро ги анализиравме. Имаат квалитетна бековска линија, но ние сме Македонија, имаме спој на млад и искусен тим и со години настапуваме на големите натпреварувања. Мораме да бидеме фокусирани од првата до последната минута и да им покажеме кои сме“, изјави Костески.

— реклама —

Тој посебно ја истакна важноста на одбраната, која може да биде пресудна за конечниот исход.

— реклама —

„Најважно за нас е да се фокусираме на одбраната. Доколку бидеме на високо ниво во дефанзивата од првата до последната минута, ќе следат и голови на спротивната страна, со што значително ќе си ја олесниме задачата“, порача македонскиот ракометар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7s892734v7psecfxlp3

Македонија, Србија и Словенија со заедничка кандидатура за Европското првенство во ракомет 2034

Трендови | пред 2 месеци

— реклама —
media-librarydfck1ctvfm2tenFJLYr

Пецаков по победата на ГРК Охрид: Голема европска победа, момците покажаа шампионски карактер

Охрид | пред 5 месеци

media-library9t72n12dbn6reYzySrA

(Видео) „Црвено-жолта“ доминација: Македонија избори пласман на Светското првенство!

Спорт | пред 5 месеци

media-librarygbujo7npj1pp0g0vBuU

Ракометната репрезентација со чартер-лет заминаа на баражот против Словачка

Спорт | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања