ВО ЖИВО

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Македонија со големо реми против Португалија, Лазаров задоволен од борбата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Спорт
media-library7s892734v7psecfxlp3

Македонската ракометна репрезентација освои значаен бод откако одигра нерешено 29:29 против Португалија во натпревар од второто коло во групната фаза. Ова е првиот бод за нашите ракометари, по поразот од Данска во воведното коло (24:36), со што Македонија моментно има негативна гол-разлика од 12, додека Португалија по два меча е на плус шест.

— реклама —

По голема борба и драматичен финиш, избраниците на Кирил Лазаров успеаја да се вратат од негатива од пет гола во второто полувреме и да стигнат до реми против селекција која беше полуфиналист на Светското првенство во 2025 година. Македонската репрезентација покажа карактер и дисциплина, а клупата одигра важна улога со тактички прилагодувања во продолжението.

Во последното коло Македонија ќе се соочи со Романија. За пласман на второто место во групата ќе биде потребна убедлива победа над Романија, а паралелно и убедлив триумф на Данска против Португалија во натпреварот што ќе се игра по нашиот дуел. Победа над Романија, пак, отвора и реална можност за третото место во групата, што би значело подобар вкупен пласман и евентуално избегнување на два баража за пласман на Светското првенство следната година.

— реклама —

По натпреварот, селекторот Лазаров го истакна значењето на бодот и околностите под кои е освоен:
„Не е лесно да се игра против светска велесила како Португалија. Ремизиравме со полуфиналист од последното светско првенство и тоа е огромен резултат. Успехот е уште поголем ако се знае дека поради повреди останавме без двете десни крила, а црвен картон доби и Никола Маркоски. Да не беа повредите, уверен сум дека ќе ги победевме. На полувреме се реорганизиравме и со голема борба стигнавме до бод. Во вторник ќе се обидеме да победиме со што поголема разлика. Прво и основно е да ја победиме Романија, а потоа ќе видиме што понатаму. Утре нема да тренираме – потребен е одмор“, изјави Лазаров.

Македонските ракометари со ова реми остануваат во игра за поволен расплет во групата, а одлучувачкиот натпревар против Романија ќе ја одреди нивната судбина во продолжението на турнирот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryd7fc6nj89ok53WprOSg

Скандал на Европското првенство: ЕХФ призна грешка по спорниот гол на Германија против Португалија

Спорт | пред 1 месец

media-library62c3sel1bca79hVmGn9

Лазаров по победата над Романија: Имавме шанса за поубедлив триумф, мора да работиме на концентрацијата и менталитетот

Спорт | пред 1 месец

media-librarybs9lvikgmoenaXz14OM

Драма до крај: Македонија триумфираше против Романија на ЕП

Спорт | пред 1 месец

media-library7s892734v7psecfxlp3

ЕП во ракомет: Македонија – Романија, меч што носи надеж за Мундијал

Спорт | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања