Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Се огласи Ракометната федерација: Сметаме дека неизлегувањето на терен од страна на РК АЕК претставува директно прекршување на спортскиот кодекс

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Спорт
Screenshot-2025-05-25-at-20.50.34

Ракометната Федерација на Македонија со жалење ја информира јавноста за инцидентот што се случи на вчерашниот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот Куп, на кој македонскиот претставник РК Алкалоид требаше да се соочи со грчкиот тим РК АЕК пред домашна публика во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

— реклама —

„Натпреварот не се одигра откако тимот на РК АЕК одби да излезе на теренот. Според информации со кои располага федерацијата, причината за оваа одлука на гостинскиот тим е поврзана со бројот на навивачи од Грција кои допатуваа во Скопје, и покрај тоа што за гостинскиот тим беа одобрени 200 влезници, значителен број навивачи бараа пристап на трибините без обезбедени билети. По повеќе од 30 минути неизвесност и чекање, организаторите беа принудени да го одложат натпреварот, поради отсуството на едниот тим на теренот. Со ова, спортскиот дух и фер-плеј беа сериозно нарушени, а публиката и македонскиот ракомет беа лишени од едно финале на кое долго се чекаше“, велат од Ракометната Федерација на Македонија.

— реклама —

Тие додаваат: „Ракометната Федерација на Македонија остро го осудува ваквото однесување, кое е спротивно на правилата и регулативите на Европската ракометна федерација (ЕХФ). Сметаме дека неизлегувањето на терен од страна на РК АЕК претставува директно прекршување на спортскиот кодекс и обврските кои произлегуваат од учеството во натпреварувањето организирано под капата на ЕХФ. Во таа насока, Ракометната Федерација на Македонија ќе достави официјално известување до ЕХФ, со барање за соодветна постапка и санкционирање согласно постојните прописи. Очекуваме ЕХФ да донесе праведна одлука која ќе го заштити интегритетот на натпреварувањето и фер односот кон клубовите кои ги почитуваат правилата. Истовремено, изразуваме целосна поддршка на РК Алкалоид, кој покажа максимална спортска подготвеност и професионален пристап. Убедени сме дека нашите клубови, навивачи и сите засегнати страни заслужуваат фер и транспарентен третман“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-06-05-at-10.48.08

Алкалоид шампион, ЕХФ со конечна одлука

Спорт | пред 5 месеци

IMG_5763

Се огласи грчкиот клуб: Одлуката беше принудна

Спорт | пред 6 месеци

Screenshot-2025-05-25-at-20.50.34-1

Се огласи ЕХФ по откажаниот натпревар помеѓу „Алкалоид“ и „АЕК“: Не се одигра поради безбедносни причини

Свет | пред 6 месеци

alkaloid-grcija

„Алкалоид“ чекаше, „АЕК“ се повлече – финалето стопирано

Спорт | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања