Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Лазаров по победата над Романија: Имавме шанса за поубедлив триумф, мора да работиме на концентрацијата и менталитетот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Спорт
media-library62c3sel1bca79hVmGn9

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров изрази умерено задоволство по драматичната победа над Романија, истакнувајќи дека триумфот е значаен, но дека натпреварот можел да заврши и со поубедлива разлика.

Лазаров нагласи дека Македонија одиграла добар меч против, како што рече, цврста и силна репрезентација. Според него, македонските ракометари делувале како да се изненадиле од фактот што уште во првото полувреме стекнале висока предност од седум до осум голови, иако, како што оцени, Романија во тие моменти била немоќна, а Македонија имала добри позиции за реализација.

— реклама —

Селекторот објасни дека во продолжението тимот морал да биде поофанзивно внимателен поради повреди и исклучувања на дел од играчите, што неминовно се одразило врз играта во одбраната. Тој додаде дека се надевал на победа со поголема гол-разлика, најмалку од три до пет голови, но потенцираше дека надежта сè уште постои, иако шансите се минимални.

Лазаров истакна дека пласманот понатаму зависи од висока победа на Данска, оценувајќи дека задачата е исклучително тешка, но не и невозможна. Сепак, упати честитки до своите ракометари, нагласувајќи дека нема што да им замери за прикажаното на теренот.

— реклама —

Тој повторно се осврна и на, како што рече, проблемот со концентрацијата и менталната стабилност, посочувајќи дека желбата била Македонија да се најде меѓу најдобрите 12 селекции и дека за тоа било потребно повеќе присебност во клучните моменти. И покрај сè, Лазаров потенцираше дека не е незадоволен од настапот и дека репрезентацијата ќе остане да ја следи и бодри Данска, нагласувајќи дека тимот продолжува понатаму со крената глава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydfck1ctvfm2tenFJLYr

Пецаков по победата на ГРК Охрид: Голема европска победа, момците покажаа шампионски карактер

Охрид | пред 2 седмици

— реклама —
media-library9t72n12dbn6reYzySrA

(Видео) „Црвено-жолта“ доминација: Македонија избори пласман на Светското првенство!

Спорт | пред 3 седмици

media-librarygbujo7npj1pp0g0vBuU

Ракометната репрезентација со чартер-лет заминаа на баражот против Словачка

Спорт | пред 4 седмици

media-libraryd7fc6nj89ok53WprOSg

Скандал на Европското првенство: ЕХФ призна грешка по спорниот гол на Германија против Португалија

Спорт | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања