Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Хаос во Тирана: Министерството за образование гаѓано со камења, полицијата употреби водени топови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 56 минути -

Балкан
media-libraryalc12jj7vqpn8He1Rgw

Поддржувачи на албанската Демократска партија денеска фрлале камења кон зградата на Министерството за образование во Тирана, а за време на протестот биле запалени и контејнери за отпад. Полицијата интервенирала со водени топови за да ја растера толпата, а според медиумските извештаи, биле употребени и гумени куршуми.

— реклама —
— реклама —

Претходно, демонстрантите запалиле столици пред зградата на албанската влада. Станува збор за столиците што премиерот Еди Рама ги поставил како покана до студентите за дијалог.

Протестот на поддржувачите на Демократската партија се одржува во знак на солидарност со студентските демонстрации, кои траат веќе 12 дена. Тие започнале поради незадоволството од состојбата во образованието, високите трошоци за студирање и ограничените можности за вработување на младите, но во меѓувреме прераснале во пошироки антивладини протести, на кои се бара оставка од Рама.

— реклама —

Албанскиот премиер и денеска повика на дијалог, објавувајќи видео на Фејсбук на кое се гледа камена маса пред неговата канцеларија, со документи на кои е испишан зборот „дијалог“. Во изминатите денови, Рама постави столици и клупи пред канцеларијата, но студентите ги одбија неговите покани за разговор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarynujo3v6fvla9e4DCKtC

Еден европски град каде што може да летувате за помалку од 60 евра дневно: Вистински рај за туристите

Патувања | пред 1 месец

— реклама —
media-librarym29b0acj3m1hfXqZKlH

(Видео) Се одржа концертот на Кајне Вест во Тирана платен околу четири милиони евра од Владата

Сцена | пред 3 месеци

media-libraryk9lj0e1e0t33eJEu9tW

(Видео) Протести во Тирана: Судир меѓу полицијата и демонстрантите, фрлани молотови коктели, уапсени три лица

Свет | пред 5 месеци

media-libraryj6p7g72blfonaMB0tyJ

(Видео) Протестите во Тирана ескалираа: Запалена поранешната вила на Енвер Хоџа

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања