Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Хутите тврдат дека го презеле Баб ел Мандеб, еден од најважните поморски премини во светот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 20 минути -

Свет
media-library423da062v4poeeSeL01

Јеменските бунтовници Хути соопштија дека презеле контрола врз областа околу стратешки важниот премин Баб ел Мандеб, на југозападот на Јемен, откако, според нивните тврдења, ги потиснале силите лојални на меѓународно признатата влада на земјата.

— реклама —

Телевизијата „Ал Масира“, поврзана со движењето Хути, објави изјава на неименуван воен извор, според кого нивните сили одбиле напад на владините единици и ја презеле контролата врз подрачјето околу преминот.

— реклама —

Хутите, исто така, соопштиле дека ги потиснале владините борци надвор од областа Хараз и дека со шест ракети го нападнале воениот камп Кава. Двете локации се наоѓаат во јужната покраина Лахиџ, пренесе „Ал Џезира“.

— реклама —

Од друга страна, силите поврзани со меѓународно признатата влада на Јемен во неделата соопштиле дека се повлекуваат од позициите во близина на Баб ел Мандеб за да ја насочат одбраната кон привремениот главен град Аден, кој е под притисок од напредувањето на Хутите.

— реклама —

Баб ел Мандеб е еден од најважните поморски премини во светот. Го поврзува Црвеното Море со Аденскиот Залив и Индискиот Океан и претставува клучна рута за меѓународната трговија и транспортот на енергенси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library423da062v4poeeSeL01

Напад врз трговски брод неколку дена по повикот на Иран за „нов безбедносен појас“ во близина на Баб ел Мандеб

Свет | пред 5 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања