Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Им се восхитувам, покажаа достоинство и неверојатна истрајност“: Ѓоковиќ со силна порака за студентите по изборите во Србија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-libraryn92msimja7bm80e8kcV

Тенисерот Новак Ѓоковиќ, беше прашан за парламентарните избори во Србија и победата на Студентската листа. Неговиот одговор од прес-конференцијата во пресрет на настапот на турнирот во Базел масовно се споделува на социјалните мрежи.

— реклама —

Ѓоковиќ, кој и претходно повеќепати им даде поддршка на студентите во нивната борба за подобра и поправедна Србија, на прес-конференцијата доби прашање на англиски јазик за изборите и резултатот на студентите.

— реклама —

„Да, задоволен сум. Многу сум среќен поради тоа. Моето најдлабоко почитување за студентите и младите луѓе кои се бореа и покажаа достоинство и неверојатна истрајност во последните две години, под огромен притисок“, изјави Ѓоковиќ.

Тој продолжи со пофални зборови за студентите, истакнувајќи дека нивното однесување предизвикало чувство на гордост и кај луѓето во Србија и кај оние во странство.

— реклама —

„Им се восхитувам за тоа што го направија и за начинот на кој се однесуваа. Успеаја да создадат чувство на гордост кај сите луѓе, не само во Србија, туку и во странство. Победата е обезбедена и сега сите се надеваме дека нашата земја ќе биде просперитетна и дека ќе уживаме во иднината што доаѓа“, порача српскиот тенисер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања