Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Инцидент на аеродром во САД: авион при слетување удри во камион и столб

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryk6aukb4lem9md7BSm2L

Вистинска драма се одвивала при слетување на патнички авион на Меѓународниот аеродром Њуарк Либерти во САД, кога леталото удрило во камионска приколка и столб за улично осветлување на автопат во непосредна близина.

— реклама —

Станува збор за авион „Боинг 767“ на компанијата United Airlines, кој летал од Венеција. Според податоците од системот за следење летови Flightradar24, авионот се движел со брзина поголема од 260 километри на час кога го прелетал автопатот.

— реклама —

Прелиминарната истрага на полицијата на Њу Џерси покажува дека тркалата од стајниот трап и долниот дел од авионот удриле во столбот и приколката, по што столбот погодил и друго возило. Возачот на камионот, Ворен Бордли, се здобил со полесни повреди и бил пренесен во болница.

И покрај инцидентот, авионот безбедно слетал и пристигнал до гејтот, при што ниту еден од повеќе од 200 патници и 10 членови на екипажот не бил повреден.

— реклама —

Од авиокомпанијата соопштија дека ќе спроведат детална истрага за безбедноста на летот, додека техничките тимови веќе ја проценуваат штетата на леталото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Pentagon

Предупредување од САД: Граѓаните да обезбедат храна, вода и батерии за итни случаи

Свет | пред 17 часа

— реклама —
media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Трамп најавува решение, но преговорите со Канада бележат мал напредок

Свет | пред 18 часа

media-library5tq0pbo49a3v7KOZ0Ys

Третпат го гонат поранешниот шеф на ФБИ: „Би било смешно да не беше толку ужасна злоупотреба“

Свет | пред 2 дена

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Шестмина граѓани го тужат Трамп поради ограничувањата за медиумите во Белата куќа

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања