Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Инцидент на Парадата на гордоста во Берлин: Комбе прегази повеќе лица, напаѓачот е во бегство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryqp0apm6bass4bUejN3j

Парадата на гордоста во Берлин, позната како „Christopher Street Day“ (CSD), вечерва беше прекината откако возило влета меѓу учесниците во близина на паркот Тиргартен. Според првичните информации, повредени се повеќе лица, додека полицијата трага по возачот, кој избегал од местото на настанот.

— реклама —

Инцидентот се случил околу 22 часот во близина на улицата Ленештрасе. Германската полиција соопшти дека возилото навлегло во просторот каде што се движела поворката. Засега не е соопштен точниот број на повредени, ниту тежината на нивните повреди, а истрагата за причините и околностите на инцидентот е во тек.

— реклама —

Според очевидци, бело комбе со голема брзина влегло во паркот Тиргартен, по што возачот избегал пеш.

Поради сериозноста на ситуацијата, полицијата случајот го класифицирала како масовен инцидент со голем број повредени и активирала специјален протокол за вакви настани. На терен се ангажирани 44 припадници на службите за итна помош, како и повеќе екипи на брза медицинска помош.

— реклама —

Неколку минути по инцидентот, организаторите ја прекинаа манифестацијата и наредија евакуација. На големиот екран кај Бранденбуршката порта беше прикажана порака за евакуација, а преку социјалните мрежи учесниците беа повикани мирно да го напуштат просторот и да ги избегнуваат Тиргартен и Споменикот на победата, упатувајќи се кон Главната железничка станица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryurfltrld9rrn7iQrfQg

(Видео) Силно невреме ја погоди Германија: Тешко повредени, урнати дрвја и прекини во железничкиот сообраќај

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryfmf297qm0efodpCHC5O

Гори „Орловото гнездо“ на Хитлер: Историскиот објект во пламен, полицијата приведе осомничен

Свет | пред 1 ден

media-libraryrtpt3m49fhtr7gBB81P

„Џенерали“ ќе укине 800 работни места во Германија до 2030 година

Свет | пред 1 ден

media-libraryc38i30vf38n61YPNV2c

Незадоволството на младите ја тресе Европа: Насилни протести во повеќе земји, Германија стравува од ескалација

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања